logo
logo
logo

Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ЌЕ СЕ СРАМАТ ОД ОНА ШТО ИМ ГО ПРАВАТ НА МАКЕДОНИЈА И ГРАЃАНИТЕ

Vecer | 07.10.2026

Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ЌЕ СЕ СРАМАТ ОД ОНА ШТО ИМ ГО ПРАВАТ НА МАКЕДОНИЈА И ГРАЃАНИТЕ

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија - рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Вели дека со обидува да не ја коментира опозицијата бидејќи смета оти нејзиното раководство не се занимава со државна политика, туку со личен напад врз него.

- Не сакам да коментирам ваков начин на незрело однесување на лидерството во опозицијата. И ќе го задржам ова право да не го коментирам. Еве, ќе се обидам со една реченица да кажам - ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детската градинка во Шуто Оризари.

Во врска со најавата од опозицијата дека ќе поднесат предлог закон за ветинг на функционерите поранешни и актуелни, Мицкоски истакна дека нема потреба да се чека таков закон и оти и сега има институции и механизми преку кои може да се направат проверки. 

- Па нека има предлог-закон, никој не го оспорува тоа. Но и сега може Управата за јавни приходи да направи ветинг, да провери. Имаат и сега алатки да проверат како се стекнува со златни визи во егзотични дестинации како Дубаи, колкав влог треба за да се стекнете со таква виза, како се ужива на скапи јахти на егејското крајбрежје итн. Управата за јавни приходи и сега може да провери и како политичари возат скапи автомобили сопственост на фирми, кои добивале тендери за јаглен, па како средствата се уплаќани на фирми во Бугарија... - рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk