Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници.
-Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го заштитиме секој човечки живот, секој дом и секоја педа од нашата татковина. Овие луѓе одат директно пред огнената стихија, со храброст и со една цел да спасат животи, домови, шуми и цели села. Нивната униформа е симбол на пожртвуваност. Нивната храброст е гордост за Скопје и за цела Македонија – напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата