Пет лица се повредени, меѓу кои и 15-годишник, во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Струга–Охрид. Во судирот учествувале две патнички возила, а еден од возачите се здобил со тешки телесни повреди. Повредените се пренесени на лекарски преглед, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.
- Вчера во 16:35 часот во OВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.И.(44) од Охрид и патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Струга, информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди од возилото „хјундаи“ се здобил возачот А.И., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници 44-годишната С.И., У.И.(24) и 15-годишник, сите од Охрид и 27-годишната А.С.И. од Германија.
Додека пак, другиот возач Д.М. исто така се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Струга.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата