Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град на Македонија.
Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.
Здравствените власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и рано наутро.
Во моментов регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле земјоделско градинарски работи во приквечерните и раноутринските часови.
На Клиниката за инфективни болести, досега се регистрирани 29 пациенти, од кои 5 се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Од вирусот викендот починал 83-годишен маж кој имал и пропратни болести.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата