30 ДЕНА ПРИТВОР ДОБИЈА 4-ЦАТА УАПСЕНИ ЗА УБИСТВАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Vecer | 01.11.2026

30 ДЕНА ПРИТВОР ДОБИЈА 4-ЦАТА УАПСЕНИ ЗА УБИСТВАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Кривичниот суд во Скопје денеска им одреди 30-дневен притвор на четворицата осомничени за двојното убиство во скопската населба Ѓорче Петров.

Осомничените претходно беа во 48-часовен притвор, а со новата судска одлука мерката е продолжена на 30 дена.

Истрагата за двојното убиство продолжува, а надлежните институции работат на целосно расветлување на случајот.

Полицијата уапси четворица за кои постои сомнеж дека се сторители или поврзани со двата случаи на убиство во Ѓорче Петров. Убиствата ги сториле при разбојништво, односно при кражба.

„СВР Скопје во текот на 27.10.2026 лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026. Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk