logo
logo
logo

Малолетник од Битола ОБЈАВИЛ ЛИСТА ЗА ОТСТРЕЛ НА СВОИ СОУЧЕНИЦИ

Vecer | 07.05.2026

Малолетник од Битола ОБЈАВИЛ ЛИСТА ЗА ОТСТРЕЛ НА СВОИ СОУЧЕНИЦИ

Ученик во седмо одделение на друштвената мрежа Тик-Ток обајвил листа со име и презиме на свои соученици и се заканил дека ќе ги ликвидира. Во објавата е наведен и точниот датум.

Директорот на основното училиште Стив Наумов од Битола во разговор за 4news.mk вели дека е одржан родителски состанок и дека известени се МВР и Центарот за социјални работи. Потврдува дека инцидентот се случил надвор од училишните клупи.

„Во рамките на нашите надлежности, училиштето презеде соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата и обезбедување безбедна и сигурна средина за сите ученици и вработени.

Апелираме до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено имајќи предвид дека станува збор за малолетници. Безбедноста и благосостојбата на учениците останува наш највисок приоритет и училиштето ќе продои да соработува со надлежните институции до целосно разрешување на случајот“, потенцира директорот Николе Пискачев.

Иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес во училиштето, по добиената претставка од група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги извести надлежните институции – Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното одделение за образование на општина Битола, со цел случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува по истиот.

Родителите на ученикот најавиле дека ќе го преместат детето во друго училиште.

Пред три години во Белград 13 годишниот Коста К. со список отиде во училиште и усмрти голем број на свои врсници и чуварот во училиштето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk