Македонските граѓани се чекор поблиску до евтини разговори и сурфање без роаминг шокови при патувањата во земјите од Европската Унија. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека државата официјално го добила предлог-текстот на договорот за укинување на роамингот по домашни цени со Унијата, со што и официјално започнуваат преговорите.
Документот веќе е проследен до надлежните министерства и институции кои имаат рок до крајот на неделата да ги достават своите забелешки и сугестии. По нивното усогласување, македонската страна ќе ги испрати конечните предлози до Европската комисија.
– Очекувам преговорите да се интензивираат во текот на есента и да го имаме договорот на почетокот на 2027 година, истакна министерот Андоновски, најавувајќи дека оваа долгоочекувана мерка наскоро ќе им овозможи на граѓаните целосно слободни и пристапни комуникации низ цела Европа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата