РАСТЕ ПРОДАЖБАТА НА ДРВА ВО МАКЕДОНИЈА – за само три месеци продадени над 147 илјади кубни метри

Vecer | 18.11.2026

РАСТЕ ПРОДАЖБАТА НА ДРВА ВО МАКЕДОНИЈА – за само три месеци продадени над 147 илјади кубни метри
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Производството на шумски сортименти во државните шуми достигна 146 илјади кубни метри, а продажбата е зголемена за 1,6 проценти. Најголем дел од произведеното дрво е наменет за огрев.

Побарувачката и потрошувачката на дрва бележат раст, покажуваат најновите податоци за шумските сортименти во државните шуми. Во третото тримесечје од 2026 година биле продадени 147.490 кубни метри дрво, што е за 1,6 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Во истиот период, производството достигнало 146.000 кубни метри, односно е зголемено за 4,8 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем дел од производството отпаѓа на огревното дрво, со 103.892 кубни метри, додека трупците учествуваат со 40.650 кубни метри. Интересно е што производството на трупци бележи значителен раст од 40,4 проценти, додека кај сите останати видови шумски сортименти е регистрирано намалување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk