logo
logo
logo

ДОМАШНА ПЛАНТАЖА ОД МАРИХУАНА ВО ПРИЛЕП, приведено едно лице

Vecer | 18.08.2026

ДОМАШНА ПЛАНТАЖА ОД МАРИХУАНА ВО ПРИЛЕП, приведено едно лице

Полицијата во Прилеп привела 47-годишен прилепчанец, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена поголема количина марихуана и опрема за нејзино мерење и одгледување.

Како што соопшти МВР, на 18 август во 1 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ѓ. (47). Претресот бил извршен со судска наредба од Основниот суд во Прилеп.

Во домот биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис, како и повеќе различни пакувања со марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk