Подгответе се за Први мај, нов продолжен викенд. ОВА ВЕ ЧЕКА ЗА ПРАЗНИКОТ

Vecer | 23.04.2026

Подгответе се за Први мај, нов продолжен викенд. ОВА ВЕ ЧЕКА ЗА ПРАЗНИКОТ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во наредните две недели, Македонија ќе се соочи со изразено променливо време, со нагли температурни осцилации и нестабилни временски услови токму во периодот на претстојните празници.

Почетокот на периодот носи стабилно и сончево време, објави 4news.mk Од петок (24 април) температурите ќе бидат во пораст, а врвот ќе го достигнат во недела (26 април), кога се очекуваат околу 25 степени. Викендот ќе биде погоден за активности на отворено, со многу сонце и минимална облачност.

Сепак, стабилното време нема да трае долго. Од средината на следната недела (29 април) се очекува зголемување на облачноста, како и појава на локални грмежи. Во истиот период температурите постепено ќе почнат да опаѓаат.

Нестабилното време ќе продолжи и во празничниот период. На 30 април се најавуваат поинтензивни врнежи од дожд, додека на 1 мај се очекува претежно облачно време со максимална температура до 16 степени. На 2 мај температурите дополнително ќе се намалат, со утрински минимум од околу 5 степени и дневни до 12 степени.

Стабилизација на времето се очекува од 4 мај, кога постепено ќе се враќа сончево до умерено облачно време. До 6 мај прогнозите укажуваат на повторно затоплување и температури над 20 степени.

Од метеоролозите препорачуваат граѓаните да бидат подготвени за променливи услови и да не ги одложуваат чадорите и потоплата облека, бидејќи преминот од април кон мај ќе донесе чести промени во атмосферата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk