logo
logo
logo

ФБИ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА - Уапсен администраторот на илегалниот сајбер-пазар „OLVX“

Vecer | 15.10.2026

ФБИ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА - Уапсен администраторот на илегалниот сајбер-пазар „OLVX“

Федералното истражно биро на САД упати официјална јавна благодарност до своите партнери од Одделот за сајбер криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР на Македонија, по повод успешното апсење на администраторот на илегалниот сајбер-маркетплејс „OLVX“.

-ФБИ им честита на своите партнери од Единицата за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија за успешното апсење на администраторот на криминалниот пазар „OLVX“. Се тврди дека преку „OLVX“, кој бил активен во периодот од 2023 до 2025 година, незаконски се продавале лични податоци на жртвите, како и податоци за најава на кориснички сметки, преку повеќе од 1.500 продавачки профили, се наведува во објавата.

Од ФБИ истакнуваат дека постоењето на овој пазар директно ја загрози дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани, кои се потпираат на интегритетот на сметките што ги користат.

-Оваа акција претставува прва операција во областа на сајбер-криминалот координирана помеѓу ФБИ и Северна Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ за соработка со партнери ширум светот, со цел заштита на американскиот народ во сајбер-просторот, посочуваат од ФБИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk