logo
logo
logo

ЕФТИНА ШВЕРЦЕРКА - САКАЛА ДА ПРОТНЕ НАКИТ „СВАРОВСКИ“ ВРЕДЕН 5.400 ЕВРА

Vecer | 22.07.2026

ЕФТИНА ШВЕРЦЕРКА - САКАЛА ДА ПРОТНЕ НАКИТ „СВАРОВСКИ“ ВРЕДЕН 5.400 ЕВРА

На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, или околу 5.400 евра откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата.

Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“,

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk