НОЌНА АКЦИЈА НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО - Тројца шверцери фатени на дело додека претоварале роба од Косово!

Vecer | 01.08.2026

НОЌНА АКЦИЈА НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО - Тројца шверцери фатени на дело додека претоварале роба од Косово!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Тројца жители на скопското село Блаце се лишени од слобода откако биле затекнати при товарање криумчарена стока нелегално внесена од Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена на 31 јули околу 23 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, кои постапувале согласно Оперативниот план за спречување, откривање и фаќање лица што вршат криумчарење преку државната граница.

На граничната линија меѓу селото Блаце и Хани Елезит биле приведени Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од Блаце. 

Според МВР, тие биле затекнати додека товарале криумчарена стока во товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „хјундаи“ без регистарски ознаки.

Двете возила, како и криумчарената стока, се одземени. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk