Планот на ресорното министерство е да до крајот на мандатот т.н листи на чекања во детските градинки ширум дршавата заминат во историјата. За оваа година е преднидено да се отворат 15 нови градинки како и обезбедување на нови капацитети во веќе постоечките, вели министерот Ѓоко Велковски
„Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, продолжуваме да инвестираме во нови капацитети за згрижување на децата.
Во текот на оваа година предвидено е отворање на 15 нови градинки, со што ќе се обезбедат околу 1.800 нови места за деца од предучилишна возраст.
До крајот на 2027 година, нашата цел е да бидат отворени вкупно 37 нови градинки.

Ова е уште една потврда дека кога институциите и локалната самоуправа работат заедно, резултатите се видливи и во интерес на граѓаните. Вложувањето во децата е вложување во иднината на Македонија“, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски при посетата на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата