logo
logo
logo

Ндерим Полиси ќе биде в.д. претседател на Основниот суд Струга

ЗОРАН ГЕРАСИМОВСКИ ИЗБРАН ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

Vecer | 30.07.2026

ЗОРАН ГЕРАСИМОВСКИ ИЗБРАН ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје, откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судија на Уставниот суд.

За в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје.

Судскиот совет донесе и одлука за мирување на судиската функција на Мери Дика по нејзиниот избор за член на Уставниот суд.

На седницата беше разгледано и барањето на судијата на Основниот суд Охрид, Вулнет Винца, за продолжување на вршењето на судиската функција и по исполнувањето на условите за старосна пензија. Советот го отфрли барањето поради пропуштање на рокот за доставување на потребната изјава.

Воедно, Судскиот совет констатираше дека Винца ги исполнил условите за старосна пензија. Со оглед дека ја извршувал и функцијата претседател на Основниот суд Струга, беше неопходно да се избере вршител на должноста претседател на судот.

За в.д. претседател на Основниот суд Струга беа предложени Танче Петрески, Ндерим Полиси и Соња Ѓонческа, а Советот го избра Ндерим Полиси. Донесена беше и одлука за објавување оглас за избор на претседател на Основниот суд Струга.

Судскиот совет на денешната седница констатираше и дека Татјана Сусулевска, судија на Апелациониот суд Битола, ги исполнува условите за старосна пензија.

На крајот од седницата беа формирани комисии за увид и оценка во постапките за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk