Двајца рибокрадци се фатени при незаконски риболов на Охридското Езеро, а полицијата во 44 акции запленила 25 рибарски мрежи и 702 белвици. Акциите биле проведени во текот на јуни и јули од страна на полицискта станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ со цел сузбивање на нелегалниот риболов и откривање на сторители.
Во акциските контроли биле пронајдени и одземени вкупно 25 таканаречени висечки рибарски мрежи, со вкупна должина од четири километри и 900 метри, што се најстрого забранети за улов на риба.
Запленети се и 702 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 97,1 килограм.
Од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со акциски контроли за сузбивање на незаконскиот риболов, како и со контроли за почитување на одредбите од Законот за внатрешна пловидба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата