logo
logo
logo

И ПОСЛЕ ДРЖАВАТА Е КРИВА... Не, ние ги коцкаме парите за струја, за кредити...

Vecer | 05.10.2026

И ПОСЛЕ ДРЖАВАТА Е КРИВА... Не, ние ги коцкаме парите за струја, за кредити...

Речиси 1,6 милијарди евра биле потрошени на игри на среќа во Македонија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП).

Станува збор за средства потрошени од граѓани на Македонија, но и од странски државјани, а најголем дел од сумата отпаѓа на електронските апарати за игри на среќа. Значаен дел од пазарот и понатаму го сочинуваат казината и обложувалниците.

Високиот финансиски обем на секторот доаѓа во период кога започна примената на роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците од непосредната близина на училиштата и другите образовни институции.

Приредувачите на игри на среќа, сепак, се противат на ваквата мерка. Според нив, дислоцирањето на објектите нема да го намали коцкањето, туку може да придонесе дел од активностите да се пренасочат кон нелегални канали.

Тие предупредуваат дека отстранувањето на објектите од близина на образовните институции не значи и елиминирање на интересот за игрите на среќа, туку ризикува дел од пазарот да се префрли надвор од државната контрола и надзор.

Податоците на УЈП покажуваат дека, и покрај новите регулативи и ограничувањата за локацијата на објектите, игрите на среќа и понатаму претставуваат сектор со исклучително голем финансиски обем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk