logo
logo
logo

КАКО АСНОМ ЈА ПОТВРДИ ДРЖАВОТВОРНАТА ИДЕЈА - Историски документи од Државниот архив

Vecer | 02.08.2026

КАКО АСНОМ ЈА ПОТВРДИ ДРЖАВОТВОРНАТА ИДЕЈА - Историски документи од Државниот архив

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност.

-На 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, беа поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки беше потврдена државотворната идеја на македонскиот народ и беа утврдени основите на слободна, рамноправна и демократска Македонија, истакнуваат од Државниот архив.

Меѓу најзначајните одлуки од тоа историско заседание се прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик, како и усвојувањето на Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија, со која беа загарантирани еднаквоста и основните слободи на граѓаните.

Преку изложените архивски материјали, Државниот архив им овозможува на граѓаните да се запознаат со автентични документи и фотографии што сведочат за историските настани и одлуки со кои беа поставени темелите на македонската државност.

Од институцијата нагласуваат дека изложбата претставува потсетник за значењето на АСНОМ и за трајните вредности врз кои се темели нашата државност. дма/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk