logo
logo
logo

ВЛЕН: Се подобрува клучниот фактор - СЕ НАМАЛУВА ИНФАЛИЦАЈАТА

Vecer | 18.08.2026

ВЛЕН: Се подобрува клучниот фактор - СЕ НАМАЛУВА ИНФАЛИЦАЈАТА

ВЛЕН се обрати до јавноста со посочување на решавање, подобрување, на клучниот фактор колку и што можете да купите за вашите пари - на намалување на инфлацијата, обезвредунувањето на парите.

Цените и секојдневните трошоци се меѓу главните грижи на секое семејство. Затоа, заштитата на животниот стандард на граѓаните останува еден од нашите приоритети.

Годишната инфлација во јули се намали на 2,3 отсто. Тоа го покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Пред две години, кога ја презедовме одговорноста за раководење со институциите, годишната инфлација изнесуваше 4,5 отсто. Во јули годинава таа изнесува 2,3 отсто.

Секако, има уште работа за граѓаните повеќе да го почувствуваат ова подобрување. Но, пониската инфлација покажува дека состојбата се стабилизира.

Во текот на овој период беа преземени мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и за воведување повеќе ред на пазарот.

Продолжи спроведувањето на Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој производителите и потрошувачите се заштитуваат од злоупотреби во трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Намалената акциза на нафтените деривати, исто така, придонесе за пониски трошоци за граѓаните и компаниите.

Но, пониската инфлација е само еден дел од работата. На граѓаните им се потребни работни места, приходи и можности да напредуваат.

Токму затоа се спроведува Оперативниот план за вработување, со околу 40 милиони евра предвидени за вработување, самовработување, обуки и стручно оспособување.

Од една страна, се работи на поголема стабилност на цените, а од друга страна, се создаваат можности за работа, приходи и развој на бизнисите.

Не велиме дека сите проблеми се решени. Пред нас има уште многу работа. Ние ќе продолжиме да работиме за подобрувањето да се почувствува во секојдневниот живот и во буџетот на секое семејств

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk