Во Полициската станица од општа надлежност Карпош денеска во 11:45 часот е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката.
-По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор. По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента, информираат од МВР.
Видеото од настанот може да го погледнете ТУКА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата