НЕМА ЛАБАВО! Казнети 10.000 возачи на мотицикли и тротинети

Vecer | 22.09.2026

НЕМА ЛАБАВО! Казнети 10.000 возачи на мотицикли и тротинети
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полицијата регистрираше вкупно 10.411 сообраќајни прекршоци во периодот од мај до август, за време на засилените контроли насочени кон возачите на електрични тротинети, велосипеди, мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли.

Според Министерството за внатрешни работи, најголем број прекршоци – 7.303 – се однесувале на возење без заштитна кацига.Надлежните исто така регистрирале 718 случаи на возење на несоодветни површини, 401 случај на управување со нерегистрирани или неосигурани возила и 322 случаи на неносење рефлектирачки елек.

Во овој период биле регистрирани и 619 кривични дела, главно поврзани со управување возило без важечка возачка дозвола.

Полицијата одзеде вкупно 423 возила,  од кои 20 електрични тротинети и 403 мотоцикли, мопеди и трицикли.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека овие засилени контроли ќе продолжат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk