logo
logo
logo

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО - Нов радар на скопскиот аеродром

Vecer | 14.08.2026

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО - Нов радар на скопскиот аеродром

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје.

Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на бројот на прелети над македонското небо.

– АTM системот е технолошко решение кое што директно ќе придонесе за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај и со воведувањето во употреба, М-НАВ добива комплетно ново решение. Она што можам да го кажам е дека во 2026 година, во првите шест месеци имаме прелет на 173.000 воздухоплови над македонскиот воздушен простор. Тоа се и оние коишто слетуваат на нашите аеродроми, но и оние коишто прелетуваат. Само за споредба, тоа е зголемување од 12,2% во однос на 2025, 23% во однос на 2024 и 27% во однос на 2023 година, а само во јули низ македонскиот воздушен простор имаме 42.000 прелети – истакна Николоски.

Како што рече, овој систем е поврзан со скандали во владата на СДСМ и ДУИ, но со поставување на новото раководство на М-НАВ, со добра координација системот е инсталиран и ставен во функција.

– Набавката е започната уште во 2014 година, а договорот е склучен во 2018 година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018 до 2024 година нема никакви активности, со тоа се соочуваа и истражните органи во изминатиот период. Со изборот на новото раководство на М-НАВ почна интензивна работа, со што еве денес сведочиме на ставање во целосна функција на ATM системот – изјави Николоски.

Во 2025 година поставен е и новиот радарски систем на контролната кула во Скопје и истиот е во завршна фаза на тестирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk