Избега од Собранието, EУ го опоменува да престане да лаже

ФИЛИПЧЕ БЕШЕ НА ВИКЕНД ВО РИМ ЗА ДЕНОТ НА ТРУДОТ?!

Vecer | 03.05.2026

ФИЛИПЧЕ БЕШЕ НА ВИКЕНД ВО РИМ ЗА ДЕНОТ НА ТРУДОТ?!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Лидерот на СДСМ Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до ј авноста.

„По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните.

Филипче потврди дека реториката од типот ‘се грижиме за граѓаните и работничките права’ се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДСМ и Филипче“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, доказ дека СДСМ и Венко Филипче не се доследни и немаат стартегија и план за сопствената партија и државата, е и фактот што Филипче, како што тврдат, „упорно се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат додека нема црвени линии и е спремен на секакви отстапки само за да дојде на власт“.

СДСМ и Филипче се без концепт, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче тоне во сервилност без крај исто како и неговиот ментор Заев и е спремен да ги распродаде националните интереси само да ја зачува фотелјата на Бихачка.

СДСМ и Филипче само декларативно се залагаат за Европа, додека во пракса водат политика според приликите и личните лукративни цели на кланот Заеви и Венко Филипче.

За таа цел Филипче е спремен на сè, па затоа спинува изјави на европски пратеници вклучително и Томас Вајц кој јавно го демантираше, шири лаги за блокирани ИПАРД средства во обид да ги манипулира земјоделците и повторно беше јавно демантиран, бидејќи средствата се на располагање на земјоделците.

СДСМ и Филипче ниту се однесуваат, ниту делуваат проевропски. Декларативно се повикуваат на Европа додека се опкружени со криминалци, го поткопуваат демократскиот систем и работат спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Архива, илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk