Адвокатот Драган Пешевски јавно ги поддржа полициските службеници кои се најдоа на удар на критики и напади по случајот со нападот на две млади лица од страна на полицајци, оценувајќи дека станува збор за едни од најуспешните и најчесните екипи што ги познава.
Иако, како што наведува во својата објава, со нив често има спротивставени ставови за различни прашања, Пешевски вели дека мора да ја признае нивната професионалност и сплотеност.
Според него, полициските службеници очигледно постигнале резултати во борбата против дрогата, поради што некому почнале да му пречат. Тој смета дека на случајот најпрво му бил даден етнички контекст за да привлече поголемо внимание.
„Иако сме скоро па секогаш на спротивните страни и немаме исти ставови по многу прашања, морам да признаам дека полициските службеници нападнати од сите страни се една од најуспешните, најкомпактни и најчесни екипи што ги познавам“, наведува Пешевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата