КОЈ ЗАРАБОТУВА МИЛИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА? Еве го скопскиот рекордер со 2,2 милиони евра годишно!

Vecer | 21.10.2026

КОЈ ЗАРАБОТУВА МИЛИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА? Еве го скопскиот рекордер со 2,2 милиони евра годишно!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Нешто под 190.000 евра месечно во бруто износ е највисоката плата која е исплатена во минатата 2025 година, покажува извештајот на УЈП. Станува збор за плата исплатена во секторот вадење камен јаглен. Оваа која на годишно ниво надминува 2,2 милиони евра е за околу 2% повисока од ланската највисока плата.

Целиот топ 5 највисоки плати во Македонија е над 2 милиони евра годишно во бруто износ и сите се исплатени во Скопје. Станува збор за плати поделени во секторите Аптеки, трговија со тутун храна и пијалоци, болници и трговија со фармацевтски производи.

Најмногу пари надвор од плата, како дополнителен приход пријавил скопјанец кој лани инкасирал нешто под 2 милиони евра бруто на годишно ниво. Во Топ 5 има уште 3 годишни приходи над милион евра и еден од 42 милиони денари.

Најмногу приходи од дивидеднда пријавил гевгеличанец кој лани земал над 4 милиони евра. Слична сума пријавил и охриѓанец.

Лани, според извештајот на УЈП изготвени се 863.100 годишни даночни пријави, што е за близу 83.000 повеќе отколку во 2024 што е +10,6%

Утврдениот бруто приход е за 74,1 милијарди денари повисок (+13,8%), а утврдениот данок на личен доход за 4,9 милијарди денари (+13,9%).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk