logo
logo
logo

ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОЕВТИНИ до 50 центи по литар од регионот

Vecer | 25.08.2026

ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОЕВТИНИ до 50 центи по литар од регионот

Дизел горивото во Македонија е значително поевтино во споредба со сите земји во регионот, а граѓаните од соседните држави масовно доаѓаат да ги полнат своите резервоари на македонските пумпи, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Според неговите зборови, разликата во цената на дизелот кај нас е дури за половина евро по литар поевтина отколку во Албанија, додека во однос на Србија цената е пониска за 35 центи.

„Од 30 до 50 центи по литар е поевтино од сите држави во регионот: Грција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и останатите, без разлика дали станува збор за безоловниот бензин или за дизелот. Кога ќе ја оставиме политиката на страна и ќе ги погледнеме реалните бројки, доаѓаме до заклучок дека, иако сите купуваме нафта од исто место, граѓаните во Македонија плаќаат најниска цена, па и луѓето од соседните земји доаѓаат тука да полнат резервоари“, порача Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk