logo
logo
logo

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ШОКИРА ПО СРЕДБАТА ВО МНР: „Ја разбирам одлуката на Михаилова...“

Vecer | 14.10.2026

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ШОКИРА ПО СРЕДБАТА ВО МНР: „Ја разбирам одлуката на Михаилова...“

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков, изјави дека не го одобрува потегот на 23-годишната Ива Михајлова, која замина во Бугарија и покрај забраната да ја напушта Македонија, но разбира дека таа се одлучила на таков чекор од очај. Радуков ова го изјави по разговорот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде што беше повикан поради случајот, пренесува бугарската агенција БТА.

„И јас ја изразив својата загриженост, бидејќи и за нас беше изненадување тоа што Михајлова се појави во Софија. Не можеме да ја поддржиме нејзината одлука, но разбираме зошто, во состојба на очај, решила да дојде во Бугарија“, изјави Радуков.

Бугарскиот амбасадор ја доведе во прашање довербата во македонскиот судски и здравствен систем, тврдејќи дека постојат законски механизми со кои луѓето на кои им е потребно лекување во странство можат да добијат дозвола за тоа и покрај изречените ограничувања за движење.

„Довербата во судскиот систем во оваа држава е многу ниска, околу два до три проценти. Како да има доверба во системот кога надлежната здравствена институција наведува дека лекувањето што ѝ е потребно не може да се спроведе во земјата, а високи политички претставници истовремено тврдат дека сè е во ред и дека таа ја добива потребната здравствена грижа? Можеби не ја поддржувам нејзината одлука, но целосно ја разбирам“, рече Радуков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk