Евростат измери: МАКЕДОНИЈА ВО ЗЛАТНАТА СРЕДИНА ВО РЕГИОНОТ СПОРЕД СТАПКАТА НА УБИСТВА

Vecer | 12.11.2026

Евростат измери: МАКЕДОНИЈА ВО ЗЛАТНАТА СРЕДИНА ВО РЕГИОНОТ СПОРЕД СТАПКАТА НА УБИСТВА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат.

Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78.

Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.

Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.

Тренд на намалување во изминатата деценија се бележи и во Македонија, која во 2014 имала 1.21 убиство на 100.000 жители наспроти сегашните 1,10.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk