ЗГОЛЕМЕНА КУПОВНАТА МОЌ - Еве каде има рекорден пораст на прометот

Vecer | 01.07.2026

ЗГОЛЕМЕНА КУПОВНАТА МОЌ - Еве каде има рекорден пораст на прометот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во мај годинава, во однос на истиот месец лани, реалниот промет во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е зголемен за 9,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во истиот период, номиналниот промет во оваа група е зголемен за 15 отсто.

Во делот „Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“, номиналниот промет е намален за 3,6 отсто, додека реално е забележан раст од 1,6 отсто.

Кај „Трговија на мало, освен трговија со горива“, евидентиран е раст од шест отсто номинално и 6,2 отсто реално.

Во категоријата „Трговија на мало со автомобилски горива“ прометот е зголемен за 36,2 отсто номинално и 14,7 отсто реално.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk