logo
logo
logo

СТРАШНО!!! - За шест месеци оставени 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

Vecer | 05.10.2026

СТРАШНО!!! - За шест месеци оставени 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

Податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) покажуваат дека во текот на првата половина од оваа година, граѓаните на Македонија и странските државјани потрошиле вкупно речиси 1,6 милијарди евра на игри на среќа.

Најголем дел од оваа сума е вложен во електронски апарати за игри на среќа, додека казината и обложувалниците и понатаму заземаат значителен дел од пазарот.

Бројките покажуваат дека секторот за игри на среќа останува финансиски огромен, и покрај новите мерки насочени кон ограничување на близината на објектите за игри на среќа до училиштата и другите образовни институции.

Од друга страна, приредувачите на игри на среќа се противат на дислоцирањето на нивните објекти, тврдејќи дека таквата мерка нема да го елиминира коцкањето, туку би можела да создаде простор за пораст на нелегалните активности поврзани со игрите на среќа.

Според нив, отстранувањето на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците од непосредната близина на образовните институции нема да го намали коцкањето, туку би можело да пренасочи дел од активноста кон канали надвор од државната контрола и надзор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk