На вонредните избори за градоначалник на општина Брвеница, по преброени 100% од гласовите, веќе е јасно дека е најблиску до нов градоначалник е кандидатот на ВМРО ПДМНЕ Стојанчо Радичевски со 2.943 гласови, според Државната изборна комисија.

СДСМ најавуваше дека на изборите во Брвеница ќе се види дека партијата се реформирала и ја вратила довербата кај граѓаните, и дека ќе победи нивниот кандидат.

Но, кандидатот на СДСМ Јовица Радески доби само 702 гласа, или само 10% освоени гласови, и заврши како четврти од шест кандидати, и потврди дека СДСМ и понатаму пропаѓа, а довербата на јавноста во нив постојано се намалува.
Венко Филипче нема одговор за оваа најнова изборна катастрофа на партијата. Прогласувањето непријатели и предавници за сите одм СДСМ кои имаат критика за неговата работа и водење на партијата очигледно не дало резултати.
Етикетирање, наверди и клевети за новинари, интелектуалци, уметници, политички противници од ВМРО ДПМНЕ, поддршка за бугарското вето и ширењето стигма за “српски свет“ кон српската етничка заедница во Македонија за потреби на бугарската пропаганда и нивниот план за бришење на НОБ и темелно менување на македонската историја и култура ја доведе партијата речиси до дно.
Во Брвеница се очекува втор круг на гласање откако кандидатотот на ВМРО ДПМНЕ освои околу 40% од гласовите. СДСМ во вториот круг ќе биде публика.
Брвеница е мала, но пораката до јавноста кој е кој во македонската политика - е голема.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата