logo
logo
logo

ПРЕСПА ДОПРВА ЌЕ НИ ЈА ВАДИ ДУШАТА - Македонски учебник „парчосан“ во грчкиот парламент

Vecer | 01.10.2026

ПРЕСПА ДОПРВА ЌЕ НИ ЈА ВАДИ ДУШАТА - Македонски учебник „парчосан“ во грчкиот парламент

Излагањето на пратеникот од грчката десничарска партија Ники, Ѓоргос Рунтас, учебникот по македонски јазик за шесто одделение предизвика расправа во паралемнтот во Атина поради наводно несоодветни термини. Весникот „Та неа“ пишува дека Рунтас рекол оти во него има референции за „татковина што отсекогаш била поробена и мачена“, а во него Александар Велики бил претставен како Александар Македонски, без да се направи разлика меѓу античкиот и современиот македонски идентитет.

На прашањето одговарала заменик-министерката за надворешни работи Александра Пападополу, поранешна грчка амбасадорка во Скопје.

Пападополу побарала да се отстрани, како што пренесува весникот, „ревизионистичкиот и некоректен јазик од учебниците што се користи во соседната земја“. Таа додала дека употребата на неточна терминологија го прекршува не само Преспанскиот договор, туку и Уставот на С Македонија.

Според Пападополу, учебниците ги одобруваат министерствата за образование на секоја земја, но и оти Грција и натаму бара коректен опис на историската реалност, точна терминологија и точно национално потекло на историските личности како Александар Велики и Филип Втори во учебниците на С Македонија.

Понатаму, таа додала дека грчкиот карактер на античка Македонија и карактеристиките на античката грчка цивилизација се опишани во членовите 7 и 8 од Преспанскиот договор и дека отсликувањето на оваа реалност во учебниците е работа на Заедничката интердисциплинарна комисија, каде што грчката страна го употребува целиот дипломатски притисок што ѝ стои на располагање.

Пападополу додала дека Комисијата се среќава барем двапати годишно, наизменично во Атина и во Скопје, и дека последниот состанок бил во Атина во мај 2026 година. „Работата на Комисијата, како и записниците, се доверливи“, рекла таа.

Пападополу, како што пишува „Та неа“, посочила дека грчката страна на Комисијата редовно ги следи сите содржини на учебниците во С Македонија што го прекршуваат правилото за точно именување на државата и за точни историски записи. Додала дека записниците ја покажувале посветеноста од двете страни да се спроведат обврските што биле преземени со Преспанскиот договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk