logo
logo
logo

ИСТОРИСКИ РАСТ НА АВИОСООБРАЌАЈОТ - аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци

Vecer | 14.08.2026

ИСТОРИСКИ РАСТ НА АВИОСООБРАЌАЈОТ - аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови авиодестинации, а со зимскиот ред на летање се очекува и нови дестинации, што значи дека до крајот на годината може да се стигне и до 4 милиони патници.

Одговарајќи на новинарски прашања по работната посета на М-НАВ, Николоски посочи дека со изборот на Владата во 2024 година се прави анализа на воздушниот сообраќај и воведена е нова политика на привлекување и субвенционирање на нови директни летови, што го даде својот резултат.

​- Од двата аеродроми имаме 28 нови дестинации во изминативе година и половина. Сериозен раст на авиосообраќајот, минатата година имаше голем раст, оваа година има историски раст. ​Оваа година двата аеродроми заедно во првите шест месеци имаат раст од 32 проценти – изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk