logo
logo
logo

МНР СО ДЕМАРШ ДО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР поради употреба на терминот „северно-македонски“

Vecer | 12.05.2026

МНР СО ДЕМАРШ ДО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР поради употреба на терминот „северно-македонски“

На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“.

-Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството.

На средбата, додаваат оттаму, му бил упатен усен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северно-македонски партнери“.

Министерот Тимчо Муцунски вчера демантираше дека имал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан. Тој исто така реагираше и на користењето на терминот „северномакедонски“ во изјавата на бугарската министерка, оценувајќи го како неточен и несоодветен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk