Претпладне сончево, ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ДОЖД

Vecer | 28.04.2026

Претпладне сончево, ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ДОЖД
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Сончево со мала до умерена облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 25 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. ќе дува слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 25 степени.

Според најавата на УХМР, до крајот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Од четврток на места ќе има пообилен дожд поради продор на постуден воздух од север. На планините ќе има услови врнежите да бидат од снег. Во петок и деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринските температури на места ќе бидат под нула.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk