Традиционално, со децении, Македонците најмногу се заинтересирани за работа во Германија каде, освен добрите плати, ги очекува среден живот и добра поддршка од јавниот сектор.
Официјалниот број регистрирани во германскиот завод за статистика изнесува 161.044 лица од Македонија но, според проценката на аналитичари кои се занимаваат со миграции во Германија има околу 220.000 луѓе од Македонија.

Македонците во Германија, најчесто, работат во индустријата, градежништвото, угостителството и здравството (како медицински персонал, а поретко како лекари). Просечните плати на овие позиции достигнуваат и до 3.500 евра месечно, нето но повеќето се под тој износ.
Реалните плати, што значи пари споредени со основни трошоци, во Германија не се како некогаш кога беа 5 пати поголеми од исти работни места од реалните плати во Македнија каде трошоците се помали, сега тој сооднос е преполовен на 2 до 2,5 спрема 1, особено во градежништвото и индустријата.
Колкава е минималната и просечната плата во Германија?

За разлика од Шведска, на пример, и некои други европски земји, во Германија постои законска минимална плата. Таа изнесува 12-13,9 евра на час, односно од 2.100 до 2.400 евра месечно, ако работите 5 дена во неделата, со полно работно време, како бруто плата.
Што се однесува до просечната плата во Германија, таа е далеку над минималната плата. Просечната плата во Германија е 3.975 евра месечно, или 47.700 евра годишно. Важно е да се напомене дека ова е бруто плата, односно платата пред плаќање даноци кои изнесуваат 35 до 45% од платата.
Според официјалните податоци, платите во Германија бележат кумулативен раст од само 5,1 процент во последните три години, додека цените за кирија во одредени метрополи скокнаа до 20 проценти, објавува „Билд“.
Хамбург забележа најголем раст на цените за изнајмување, кои се зголемија за 20,2 проценти од 2023 година. Високи стапки на раст се забележани и во Дрезден (18 проценти) и Франкфурт на Мајна (17,7 проценти).
Новите состојби со економијата во Германија не се добри, има многу отпуштања од работа но, истовремено, Германците се меѓу најстарите во Европа, со најмал прилив на млада работна од редовите на Германци а тоа подразбира постојана потерба од работна сила од странство.
Во кои сектори се бараат најмногу работници што е информација од инетрес за овдешните Македонци со план за работа во Германија, како и за веќе иселените таму.
Во Германија, недостигот на работна сила е особено закана за транспортот

Кризата со работната сила во Германија се заканува значително да се интензивира и да стане уште почувствителна во секојдневниот живот, предупредуваат експертите од Центарот за компетентност на квалификуваната работна сила на Институтот за германска економија (IW).
Во следните 10-15 години, околу 4,6 милиони професионални работници ќе се пензионираат, а повеќе од 3,6 милиони од нив работат во сектори со веќе изразен дефицит на работна сила, на пример во транспортот, пренесува ДПА.
Две петтини од сите возачи на автобуси и трамваи имаат најмалку 55 години, а повеќе од 60.000 од нив ќе се пензионираат до 2041 година. Во исто време, веќе има откажани поаѓања во јавниот превоз бидејќи нема доволно возачи, рече авторот на студијата, Јурек Тиедеман.
„Ако многу возачи се пензионираат, а не пристигнат доволно нови, можеме да очекуваме сè почести откажувања на поаѓања“, а ова, предупреди тој, може да го забави преминот кон одржлива мобилност.
Главниот проблем се демографските промени. Генерацијата бејби-бумери сега постепено се пензионира и е значително побројна од генерациите што штотуку влегуваат на пазарот на трудот. На пример, генерацијата од 1964 година е двојно побројна од онаа родена во 2024 година.
Растечкиот дефицит на возачи на камиони е исто така заканувачки. Во следните десет до 15 години, околу 200.000 возачи ќе се пензионираат, рече Тајдеман.

Не е многу подобро ниту во градежниот сектор, каде што 41 процент од надзорниците на градежништвото се веќе постари од најмалку 55 години, а повеќе од 1.200 отворени позиции се веќе непополнети за оваа работа.
Доколку дефицитот се стесни, тоа дополнително ќе ги оптовари синџирите на снабдување и градежните проекти. Експертите предлагаат постарите работници да се задржат на работа подолго.
Или, да им се дозволи на работниците кои според законот исполнуваат услови за пензија, по своја одлука а доколку е тоа прифатливо и за работодавачот, да останат и понатаму на работа на период од две до 5 години.
Ова значи прилагодување на работните места за постари лица, флексибилни модели на работно време, повеќе ресурси за здравје на работното место и трансфер на знаење во тимови со мешана возрасна структура.
„Работодавците не треба да реагираат сè додека нивните работници не го достигнат прагот за пензионирање“, рече Тајдеман.
Според него, оние кои дискутираат за работното време, трансферот на знаење и континуираното вработување добиваат време за организирана смена на генерациите
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата