logo
logo
logo

КОСТАДИНОВСКИ ПОБАРА РАДИКАЛНИ ЧЕКОРИ - Судството мора да испорача ако сака доверба од граѓаните

Vecer | 14.07.2026

КОСТАДИНОВСКИ ПОБАРА РАДИКАЛНИ ЧЕКОРИ - Судството мора да испорача ако сака доверба од граѓаните

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати сериозен апел до правосудните органи во државата, нагласувајќи дека ниту една институција не може да биде амнестирана за рекордно ниската доверба од само два отсто кај граѓаните.

Костадиновски децидно порача дека независноста не се подарува, туку за неа мора да се води постојана институционална борба, особено против поединците кои ја срамат професијата.

„Ако го гледаме суштински, за мене нема дилема. Треба да бидат изедначени. Затоа што не можеме да ја вратиме довербата на граѓаните. Но, еве можност, јас и јавно сум кажал, мораат да испорачаат. И судската власт, и Обвинителството, мора да преземаат радикални чекори за да ја вратат довербата на граѓаните во системот. Мораат да испорачуваат. Што е испорачувањето од борба за нивната самостојност и независност? Никој не ја подарува самостојност и независност. Никој нема да дојде и да им рече, повелете. Не. Секогаш е процес на една институционална борба. Борбата со судиите или обвинителите што ја срамат фелата, што ја прават перцепцијата кај граѓаните на недоверба. А знаете, во Уставното судство има една максима, креирањето на перцепција на недоверба во правосудниот систем е директно подривање на демократските принципи на државата. Затоа, често сум викал, политиката многу лесно го вперува прстот кон правосудството. Два отсто доверба имало, 3 отсто доверба имало, немало доверба. За да се дојде до такво нешто, до 2 отсто доверба, што е историски најниско, не може системот да биде амнестиран. Државата е систем“, рече Костадиновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk