Три лица се приведени во врска со двете убиства што за само пет дена се случија во скопската општина Ѓорче Петров.
Засега од МВР нема официјални информации за идентитетот на приведените, нивната улога во случаите или за доказите врз основа на кои се осомничени.
Според неофицијалните сознанија објавени во повеќе медиуми, истрагата се движи во насока дека мотивот за двете убиства бил користољубие, односно грабеж. Жртвите биле нападнати во сопствените домови, а по убиствата биле ограбени.
Само пет дена претходно, на 22 октомври, во својот дом во Ѓорче Петров беше пронајден мртов и 62-годишен маж. И кај него лекарите констатирале траги од насилство, по што телото било испратено на обдукција.
Неофицијалните информации укажуваат на сличности во начинот на кој биле нападнати двете жртви, а полицијата уште вчера ја проверувала можната поврзаност меѓу случаите. За двете тела се наредени обдукции кои треба да дадат повеќе детали за причината и начинот на настапување на смртта.
Од МВР се очекува во текот на денот официјално да соопшти повеќе детали за приведувањата, можниот мотив и дали истрагата дефинитивно ги поврзала двете убиства.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата