logo
logo
logo

МАН: Тричковски прета од калта со напад врз новинарот Александар Видиновски

Vecer | 01.07.2026

МАН: Тричковски прета од калта со напад врз новинарот Александар Видиновски

Поранешниот новинар, а сега активист на СДСМ, Бранко Тричковски, по серијата морбидни јавни објави и настапи против се и секого кој е истакнат во јавниот живот а не е под контрол на СДСМ и “невладините организации“ во системот на соросовиот Фонд отворено општество, реши јавно да го нападне и навредува истакнатиот новинар и водител на телевизијата Канал 5 Александар Видиновски.

Поради зачувување на менталната хигиена на јавноста нема да го цитираме Бранко Тричковски. Тој е веќе јавно познат по своите описи на од него посакувани убиства на политичари и новинари, ставови за Македонија која не е држава, народ, нација и култура, поддршка за политички насилства и апотеози за раководството на партијата СДСМ и активистите на партиските невладини организации.

За работа на новинарите може да суди само јавноста.

Јавноста смета дека Телевизијата Канал 5 е една од најдобрите во Македонија а новинарите на телевизијата уживаат углед и почитување во јавноста повеќе од 25 години. 

Новинарот, водител и уредник Александар Видиновски е еден од најдобрите новинари во областа во која работи и производ на школата на Телевизијата Канал 5 кој досега го задржал и надградува угледот на својата редакција а за јавноста придонел со своите репортажи од реалниот, секојдневен живот и уредничката работа на рефернтната политичка емисија “Само вистина“ во која гостувале и гостуваат речиси сите лица кои во своитре области имаат јавно значење, стручност и почитување. 

Дали ова може да се каже за Бранко Тричковски? Секако не.

Оттаму, и по овој примитивен и навредлив јавен настап на Бранко Тричковски, секој останува на истите позции: Бранко Тричковски во калта на омразата и блуењето гнев кон другите и презир, пред се, кон самиот себе гневен затоа што е подолу од другите, а Канал 5 и Александар Видиновски продолжуваат пред очите на јавноста со нови прилози за јавното информирање.

МАН, Македонска асоцијација на новинари

Претседател, Ивона Талевска

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk