logo
logo
logo

БАРАЛ ГРАДИНАР ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Останал без 50.000 денари и со несреден двор

Vecer | 09.05.2026

БАРАЛ ГРАДИНАР ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Останал без 50.000 денари и со несреден двор

На 08.05.2026 во 09:15 часот во СВР Велес, 42-годишен велешанец пријавил дека бил измамен за сум од 50.000 денари.

Според пријавеното, тој преку социјална мрежа стапил во контакт со В.Б.(31) од Скопје, по што се сретнале и се договориле В.Б. да изврши уредување на неговото дворно место, за што однапред му дал дел од договорената сума.

Потоа, во неколку наврати со различни оправдувања В.Б. го избегнувал отпочнувањето на работата, а веќе извесен период воопшто не одговарал на пораките и повиците. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk