logo
logo
logo

Избега во Кочани, го фатија во Скопје

МВР ОФИЦИЈАЛНО - Уапсен наркодилерот Александар Лазаров

Vecer | 15.07.2026

МВР ОФИЦИЈАЛНО - Уапсен наркодилерот Александар Лазаров

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По него беше распишана меѓународна потерница.

„На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Од таму велат дека Лазаров е спроведен во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk