logo
logo
logo

Се финализира нов договор за техничка компатибилност

ИТАЛИЈА ПРИВРЕМЕНО НЕ ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

Vecer | 28.07.2026

ИТАЛИЈА ПРИВРЕМЕНО НЕ ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

Од неодамна во Италија не се признаваат македонските возачки дозволи и покрај тоа што веќе постои договор за меѓусебно признавање и замена на дозволите. Истовремено и македонските државјани со постојан престој во Италија веќе не можат да ја заменат македонската со италијанска возачка и мораат да полагаат одново.

Според она што го кажуваат граѓаните кои деновиве се обиделе да изнајмат автомобил со македонска дозвола, италијанските рентакар компании им кажале дека од пред неколку месеци  добиле налог да не изнајмуваат автомобили ако возачката на корисникот не е од ЕУ  и дека овие граѓани треба да поседуваат меѓународна возачка дозвола за да изнајмат возило.

Ова се потврдува и на веб сајтот на МВР каде што стои дека земјава има договор со Италија, но „во моментов во Република Италија не е возможна замена на возачки дозволи со Република Северна Македонија, се работи на решавање на таа состојба“.

Проблемот според она што се знае досега е во техничката некомпатибилност меѓу двата модела на возачки дозволи, бидејќи од македонска страна биле додадени дополнителни категории, кои ги нема во европската возачка дозвола.

Поради ова, италијанските власти инсистирале да се склучи нов договор што повлекува комплетно повторување на целата постапка за признавање на документот.

Од Министерството за надворешни работи, а и некои медиуми велат дека во тек се финалните усогласувања на Договорот за признавање на возачките дозволи меѓу двете држави, кои треба да бидат завршени од италијанска страна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk