logo
logo
logo

МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА СЕ СОБИРА ВО СКОПЈЕ, првпат по 2019 година

Vecer | 18.08.2026

МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА СЕ СОБИРА ВО СКОПЈЕ, првпат по 2019 година

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција најави дека утре во официјална посета на Македонија ќе престојува заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, со кого ќе разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.

Муцунски посочи дека Мацинка ќе биде и еден од говорниците на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок ќе се одржи во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство.

- Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе години, нашата дипломатска мрежа повторно ја собираме на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува - рече Муцунски.

Според него, Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија, со јасна цел, пресек на сработеното, усогласување на позициите и поставување конкретни задачи за периодот што следува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk