logo
logo
logo

Има луѓе што не мислат само за себе, ОВОЈ ВОЗАЧ НА ЈСП Е ДОКАЗ

Vecer | 22.07.2026

Има луѓе што не мислат само за себе, ОВОЈ ВОЗАЧ НА ЈСП Е ДОКАЗ

Можеби се помалку но, меѓу нас се уште има луѓе кои помислуваат за потребите и безбедноста и на другите а не само на сопствените. Пример е овој возач на скопски автобус.

Скопјанка преку објава на социјалните мрежи му оддаде признание на возач на автобусот број 65 на ЈСП, кој, според неа, покажал голема смиреност и професионалност за време на силното невреме што вчера го зафати главниот град.

Таа раскажува дека автобусот бил затекнат од невремето во близина на Бит-пазар, кога силниот ветер носел делови од фасади кон возилото, а дрвја паѓале на повеќе локации.

Според нејзиното сведоштво, возачот останал прибран и најпрво ги однел патниците на безбедно во гаражата во Автокоманда. Откако временските услови се стабилизирале, продолжил со возењето и ги однел патниците до нивните дестинации, наместо да ги остави да се снаоѓаат сами.

„Јас се зезав со ЈСП, ама во маката навистина се познаваат јунаците. Огромно браво и длабока почит за овој човек. Светот има потреба од повеќе вакви професионалци и луѓе со срце“, напиша скопјанката во својата објава.

Нејзината порака брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде многумина се приклучија со пофалби за постапката на возачот и му изразија благодарност за грижата за безбедноста на патниците за време на невремето. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk