logo
logo
logo

ОХРИД МОРА ДА СЕ ЧУВА И СОЧУВА, порача Николоски од средбата во УНЕСКО

Vecer | 09.02.2026

ОХРИД МОРА ДА СЕ ЧУВА И СОЧУВА, порача Николоски од средбата во УНЕСКО

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, порача дека Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство, има исклучителна универзална вредност и претставува трајна обврска за државата.

Николоски информира дека денеска, заедно со колегите министри, во седиштето на УНЕСКО во Париз оствариле средба со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, на која биле презентирани заложбите на Владата за зачувување на природните и културните вредности на Охридскиот регион.

Според него, фокусот на разговорите бил насочен кон заштитата на охридското крајбрежје и зачувувањето на регионот како еден од најзначајните културно-историски простори во Европа и во светот. Николоски нагласи дека мисијата на институциите е долгорочно и одговорно управување со регионот, со цел Охрид да ја задржи својата автентичност и статусот на светско наследство.

Тој истакна дека државата останува посветена на соработка со УНЕСКО и меѓународната заедница, со јасна определба зачувувањето на Охрид да биде над сите други интереси. објави Скопје1.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk