logo
logo
logo

Опозициската тројка спрема алиби за изборен дебакл

ВЕНКО СО ЕКСПЕРТИ ПРОТИВ ДИЈАСПОРАТА, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 13.07.2026

ВЕНКО СО ЕКСПЕРТИ ПРОТИВ ДИЈАСПОРАТА, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека СДС, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот изборен законик и според партијата наместо реформи тие прават политичка блокада.

Според партијата иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес.

Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека остануваат подготвени веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората.

Во соопштението велат дека доколку Македонија продолжи да функционира со стариот Изборен законик, одговорноста, според нив, целосно е на СДСМ, Левица и ДУИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk