logo
logo
logo

ДОСИЕ

Детали: КАКО МАКЕДОНИЈА СЕПАК СТАНА НЕЗАВИСНА, И ПОКРАЈ НАПОРИТЕ НА СДСМ ДА НЕ БИДЕ

Vecer | 11.08.2026

Детали: КАКО МАКЕДОНИЈА СЕПАК СТАНА НЕЗАВИСНА, И ПОКРАЈ НАПОРИТЕ НА СДСМ ДА НЕ БИДЕ

За помалку од три недели ќе славиме 35 години од самостојноста на Република Македонија. Од независноста на државата. Од првото државно знаме развеано на плоштадот при прогласувањето на независна Македонија, знамето од Кутлеш. На фотографиите по изборот на Киро Глигоров за претседател на Македонија тој е сликан до црвеното знаме со шеснаесет сончеви зраци.

Знаме кое СДСМ потоа на 11 август 1992 година го смени, претседател од кој СДСМ под Зоран Заев – се откажа бришејќи ги од Уставот Одлуките на АСНОМ од кој почнува државноста на денешна Македонија.

Зборовите „одлуките на АСНОМ“ од Уставот ги заменија со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Тоа, како што кажа тогашниот премиер Зоран Заев, се прави за да се избегнат проблеми во иднина со Грција. Проблемите со сопствениот народ – не се избегнаа. Напротив.

Оттаму, според чисти, документирани историски факти, СДСМ се откажал од партизанското движење по што и дефакто и дејуре не е наследник на историските придобивки на некогашниот Сојуз на Комунистите на Македонија основан на 19 март 1943 со Лазар Колишевски, под Петар Гошев избришан на 21 април 1991 година.

Во обидот да се изруга и урива прославата на 35 години независна Македонија, во контекст на промотивниот видео спот од три минути (за кој подетално ќе стане збор во наредното продолжение), во тој обид СДСМ се “пофали“ дека спотот го обележува “нивниот“ Киро Глигоров како државотворен успех на СДСМ?!

Лага. Киро Глигоров никогаш не бил член на СДСМ! Никогаш не бил нивни.

Глигоров прв пат за претседател е избран на 27 јануари 1991 година, по повторено гласање во Собранието бидејќи во првиот круг не добил доволно мнозинство. Во повтореното гласање добил 114 гласа од пратениците.

Во тој состав на Собранието од 120 пратеници најмногу биле од ВМРО ДПМНЕ – 38, а потоа од СКМ-ПДП (денешен СДСМ) со 31 пратеник. Според тој факт, бројки и однос на сили, Киро Глигоров станува претседател со клучните доминантни гласови на ВМРО ДПМНЕ. Има повеќе причини Глигоров да се смета за нивни избор отколку на СДСМ.

Во 1994 Глигоров се појавува како независен кандидат за претседател во втор мандат поддржан од Сојуз за Македонија: СДСМ, Социјалистичка партија со Љубисав Иванов Ѕинго, и Либерална партија. Колку е кандидат на СДСМ толку е кандидат и на Социјалистите на Ѕинго и Либералите на Стојан Андов. Ни тогаш Глигоров не е член на СДСМ.

СДСМ со Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Венко Филипче избришаа се што СДСМ, има заедничко со Сојузот на Комунистите и партизанското движење. Без идеологија и традиција станаа недефинирана група граѓани со логистика од партиски невладини организации која, за пари и функции, испорачува државни, партиски и политички барања на моќни финансиски и политички центри во странство. Платени политички убијци. Политичка мафија.

СДСМ беше, и е, против самостојноста на Македонија

Зошто СДСМ се обидува, и во оваа прилика со ругање славенички видео клип, да урива прослава на македонската независност користејќи секоја можна причина, па дури и со чуден и ирационален напад по социјални мрежи од нивни познати ботови против еден видео спот за промоција на независност на државата. Им смета и прикажаното знаме, на пример.

Ништо не е од вчера. Документите, фактите, сведоците остануваат запишани во историјата и во интернет просторот а сите, во синергија ставени, докажуваат – СКМ- ПДП (СДСМ) од првиот ден со Петар Гошев до денес со Венко Филипче, се против независноста на Македонија, од опструкции на процесот на осамостојување заклучно со промена на уставното име обезбедена со апсење пратеници од опозицијата и договорот со Бугарија кој државата ја става во неповолна меѓународна положба и зависност од политичката воља на друга држава (Бугарија).

Ова се настаните пред и во време на осамостојување на Македонија.

Првиот меѓународен документ за процес и признавање на самостојна Македонија е оној по виенските разговори во пролетта 1924 година меѓу ВМРО предводени од Тодор Александров и Комунистичката интернационала (Коминтерна) што резултирало со потпишувањето на Мајскиот манифест на 6 мај 1924 година. Целта била создавање единствен македонски револуционерен фронт и соработка со Советската влада за ослободување и обединување на Македонија и создавање самостојна држава.

Тодор Александров е убиен во август 1924 година, по што движењето го води Ванчо Михајлов, октроиран од Бугарија и потоа соработник на нацистите. Но, тоа не го запрело процесот на меѓународна поддршка за македонска држава. Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање е службен политички документ, со кој за првпат во историјата влијателната меѓународна организација признала постоењето на македонската нација која има право на македонска држава.

Следниот документ за создавање македонска држава со меѓународна верификација се Одлуките на АСНОМ одржан на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Во тој документ, Одлуки на АСНОМ, македонскиот народ и меѓународната јавност ги дефинира темелите на новата македонска држава. Ова е документот од кој СДСМ, под Зоран Заев и Венко Филипче се откажа со промените во Уставот во јануари 2019 година со 81 глас за промените, вклучително и притворените и уценети седум пратеници од ВМРО ДПМНЕ за да се добие потребното двотретинско мнозинство.

На ова претходи тајно преговараниот Договор со Бугарија, прв меѓународен документ кој Зоран Заев го потпишал како премиер. Заев стапил на функција на 1. Јуни 2017 а Договорот со Бојко Борисов го потпишал на 1. Август 2017! Без дилеми, овој Договор е спреман пред изборот на Заев а два месеци потоа само потпишан. Со Договорот на владата на Македонија предводена од Зоран Заев прифаќа бугаризација, откажување од македонското малцинство во Бугарија, бришење на македонската историја, култура и идентитет, признавање на Бугарија како администратор а не окупатор во 1941-1944... Која е разликата помеѓу Ванчо Михајлов и Зоран Зеав? Нема разлика.

И, финално, како и зошто СДСМ од прв ден до денес е против самостојноста на Македонија. Ако се знае тоа, а се знае, не е чудно зошто се скандализираа секоја прослава на денот на независноста на државата.

По двата наведени историски документи (Мајскиот манифест од 1924-та и Одлуките на АСНОМ од 1944-та година) следат одлуки веќе формираната македонска држава во состав на федерацијата Југославија да стане самостојна и независна.

Комунистите се против независност, а ако мора - независната Македонија да ја водат нивните деца

Накусо, одлуката за независност на Република Македонија е донесена како логичен след поради разбивањето на федерацијата Југославија по одлуките за самостојност на Словенија и на Хрватска и започнување на војната во Босна и Херцеговина. Во таков амбиент кога настаните не се креираат туку се само реакција на други настани во Македонија се оди кон прогласување сопствена самостојност.

Процесот почнува кога по изборите од 11 ноември 1990 година првиот повеќепартиски парламент ја донел историската Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија на седницата одржана на 25 јануари 1991 година. Одлуката потоа е и формално потврдена на референдум за самостојност на 8. Септември 2991 година. На 17 ноември 1991 година е изгласан првиот Устав на самостојната држава. Еден емсец претходноНа 16. декември 1991 Советот на денешната Европска унија носи одлука да се признаат за независни сите држави кои донеле одлука и закони за таа цел.

Чудно е зошто тогашната власт, влада формирана од експерти а не од партии, го прогласува 8. Септември за Ден на независноста. Имено, меѓународната заедница, претставувана од комисија на сегашната Европска унија предводена францускиот поранешен француски министер за правда Роберт Бадинтер кој го прогласи распадот на Југославија и беше претседател на арбитражна комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991, таа комисија оценувала кои републики можат да бидат меѓународно признати, и за ден на независноста тие го сметаа 17 ноември 1991, денот кога е донесен Уставот на Македонија.

Тој принцип важи и кај другите од поранешна Југославија. Словенија, на пример, имала референдум за независност на 23. декември 1990 а Ден на независноста слават на 25 јуни кога во 1991 е донесен Уставот на независна Словенија.

Ист е примерот и во Хрватска. За Хрватите ден на независноста е 25. Јуни бидејќи во 1991 година на тој ден го изгласале Уставот, иако претходно имале референдум на 19. мај 1991 година. Само кај нас Денот на независност е – денот на референдумот.

Киро Глигоров стапува на функција претседател на 27 јануари 1991, избран од Собранието а не на избори, и тој ги спроведува подоцнежните државни одлуки. По него на 20 март 1991 е избрана “експерстка влада“, за прв премиер е избран професорот Никола Кљусев.

Изборот на експертска влада е и првиот успешен “државен удар“ на “реформирани“ комунисти и измама на претходните политички договори.

Имено, за да се изгласа Киро Глигоров со потребното мнозинство во Собранието, договорено е победникот на првите парламентарни избори – ВМРО ДПМНЕ да гласа за Глигоров а потоа ВМРО ДПМНЕ да предложи најмалку три кандидати за премиер од кои на еден од нив, по избор на Глигоров, ќе му се даде мандатот.

ВМРО ДПМНЕ ги предложи Александар Лепавцов, Тодор Богданов, Милан Ставрев и Пандил Костурски за премиери но, Глигоров не го прифати ниту еден од нив. Младата партија наседна на комунистичките интриги и завери, го изгласа Глигоров без никакви гаранции за премиер по нивни предлог.

Пред очите на македонскиот народ се прекршени сите рокови и законски одредби за конституирање влада и натаму останува без одговор: кој и во чие име го прави ова“ – се вели во соопштението на ВМРО од 5 март 1991. По многу преговори и тензии, на 20 март за прв премиер на Македонија беше избран професорот Никола Кљусев.

Под силно влијание, и со силен притисок од Глигоров, се бираа министрите од првата влада и раководители на другите државни и советнички комисии. На клучните места дојдоа децата на поранешните комунистички функционери.

Министер за одбрана, Ристо Дамјановски. Кадар од претходните комунистички влади.

За меѓународниот статус на државата како министер за надворешни работи е поставен Денко Малески, син на Владо Малески кој бил близок пријател на Киро Глигоров. Мајката на Денко т.е. првата жена нa Владо Малевски е етничка Бугарка со која тој се разведува пo налог нa Партијата. Владо Малески е инаку и автор нa зборовите нa новата македонска химна. Првото заседание на АСНОМ било отворено со старата BMPОвска химна 'Изгрејзора нa слободата', химна што нe им се допаѓала нa комунистичките авторитети.

Македонскиот министер за надворешни работи од СДСМ, Денко Малески, бил против прогласувањето и самостојноста на Македонија! Според записник од седница на Собранието од 3 септември 1992 година, пратеникот Кирил Ковачевски на тема избор на нова влада предводена од Бранко Црвенковски потсетува на ставот на Денко Малески кој бил министер и кај Кљусев а се предлага да биде и кај Црвенковски:

Цитат: “Да ве потсетам на еден од бившите министри а сега кандидат во новата влада, министерот за надворешни работи. Своевремено, овој министер даде оставка која требаше на првата наредна седница откако поднесе оставка да се разреши. Оваа оставка ниту се разгледа, ниту министерот се разреши, а сега повторно неговото име се најде на листата на новата влада, предложен од коалицијата, а знаеме која е коалицијата.

На седницата кога се изгласа недоверба на Владата, потпретседателот Блаже Ристовски добро ни- објасни што дотогашниот министер мислел за самостојноста на Македонија, па не е на одмет пак да ви го цитирам. Самиот министер Малевски велеше дека е сентиментално врзан со југословенството во кое растел и заедништвото во кое се развивал. Тој е за сојуз на суверени држави, а самостојност само без него.

Повеќе пати повторувал дека по признавањето ќе се повлече, па затоа не случајно има депонирано оставка кај премиерот.

Што се однесува за името на Македонија на седницата на Владата тој ги убедувал дека името Македонија треба да иде на компромис, дека треба да се прифати некоја друга формулација, па макар и бивша Југословенска Република Македонија“. Затворен цитат.

Ништо не е од вчера. Ниту Зоран Заев е случајно избран да го спроведе тоа што го спроведувал тој и Венко Филипче за седум години на власт.

Клучна функција за економијата и подоцнежната црна транзиција, односно приватизација, во владата му е доверена на Јане Миљоски, син нa Киро Миљовски, државен обвинител и нa други високи функции во времето нa социјализмот, кој по 1945-та учествувал и вo подготовката нa првиот закон за национализација.

Јане Миљоски и Таки Фити, министри од СДСМ спроведоа “приватизација“ по која 180.000 луѓе останаа без работа а фабриките и фирмите заминаа во рацете на партиски олигарси со капитал кој од првите години до ден денес е база од која се издржува финансирањето на СДСМ.

По загинувањето на дотогашниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, на 10 јануари 1992 нов министер е Љубомир Фрчкоски. Ликот кој посредува во коруптивниот обид за поткуп на претседателот Киро Глигоров од страна на Грција со цел промена на уставното име и министер кој го заташка обидот за атентат врз Киро Глигоров на 3. Октомври 1995-та.

Независноста на Македонија значеше удар врз приватните интереси, нивниот општествен статус и бизниси на функционерите од комунизмот. Тие држеа под свое влијание голем дел од работниците и граѓаните и мораше да им се даде компензација за можната загуба за да не ја запираат независноста.

Компензацијата беше поставување на нивните деца и блиски на високи функции што им овозможува продолжување на влијанието и комодитетот, почнувајќи од министри, до директори на јавни претпријатија, водење на новоформирана “невладина“ соросова организација Фондација Македонија со годишен буџет од тогаш огромни 5 милиони долари, приватизација која им обезбедува богатство, моќ и комодитет... Сето тоа Македонија им го плати за да се сочува независноста – од нас самите.

Нема причина зошто тие би се радувале и славеле независна република Македонија. Зошто би се бореле, како што не се бореа, да се сочува уставното име на државата. Зошто би ја бранеле историјата на Македонија, македонската култура, идентитет и нација како што и ден денес не се трудат за таа цел. Зошто во тие рани 90-ти би се организирале да се сочуваат фабриките, фирмите и работните места кога нивното растурање и “приватизација“ им донеле големи богатства и моќ... 

УТРЕ: Што требаше да се види во спотот за 35 години независност

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk