logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ И СДСМ ПРОТИВ ДАТА ЦЕНТРИТЕ, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист

Vecer | 05.09.2026

ФИЛИПЧЕ И СДСМ ПРОТИВ ДАТА ЦЕНТРИТЕ, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обидува да ја спинува темата за изградбата и развојот на дата-центрите во земјава, наместо да ги согледа, како што велат, придобивките од оваа индустрија.

Од партијата обвинуваат дека Филипче и СДС се против проекти кои можат да донесат инвестиции, нови работни места и економски развој.

Веќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека и во случајот со дата-центрите, Филипче создава неоправдана загриженост кај граѓаните.

Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на прашањата поврзани со потрошувачката на електрична енергија и водата, од партијата посочуваат дека веќе биле дадени конкретни објаснувања.

Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го посочуваат и ставот на поранешниот премиер и актуелен пратеник од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, кој јавно кажал дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање.

Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата дополнително велат дека Филипче зборува за цената на електричната енергија и користењето на водата, но откако се дадени објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение.

Останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека граѓаните заслужуваат политика која ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, наместо, како што наведуваат, „политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk