logo
logo
logo

КОМАРЕЦ И ЗАПАДНОНИЛСКИОТ ВИРУС - фатални за актерката Мира Фурлан

Vecer | 30.08.2026

КОМАРЕЦ И ЗАПАДНОНИЛСКИОТ ВИРУС - фатални за актерката Мира Фурлан

Мира Фурлан, ѕвезда на југословенската и европска кинематографија почина како резултат на компликации предизвикани од вирусот Западен Нил, кој сега се шири низ целиот регион и Европа.

Актерката Мира Фурлан почина од последиците од вирусот Западен Нил, а според извештаите, го добила од навидум безопасен убод од комарец во нејзиниот двор. Почина на 20 јануари 2021 година, 

Болеста имала долг и болен тек, а последните месеци од животот ги поминала во исклучително тешка состојба, борејќи се за својот живот и покрај најдобрата медицинска нега. Нејзиниот пријател Раде Шербеџија открил дека последните денови биле драматични и дека пред смртта паднала во кома од која никогаш не се разбудила.

Вирусот Западен Нил, кој бил фатален за актерката, првенствено се одржува во циклус помеѓу птиците и комарците и се пренесува на луѓето преку убод од заразен инсект. Болеста не се пренесува преку директен контакт од човек на човек.

Иако инфекцијата е безопасна во повеќето случаи, се проценува дека околу 80 проценти од заразените не развиваат никакви симптоми. Дваесет проценти имаат симптоми слични на грип, како што се треска, главоболка, замор, како и болки во мускулите и зглобовите.

За жал, кај помалку од еден процент од заразените, особено кај постарите лица и имунокомпромитираните, вирусот може да предизвика тешки невролошки компликации и воспаление на менингите (менингитис) или на самиот мозок (енцефалитис), состојба која беше фатална за Мира Фурлан.

Периодот на инкубација, односно времето од каснување од заразен комарец до појава на симптомите, обично трае од два до шест дена, но може да трае помеѓу два и 14 дена. Кај луѓе со ослабен имунитет, периодот до појава на симптомите може да биде подолг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk