logo
logo
logo

БРУКА И СРАМОТА - Двајца светиноколци вработени во „Национални шуми“ со службени возила краделе дрва

Vecer | 05.09.2026

БРУКА И СРАМОТА - Двајца светиноколци вработени во „Национални шуми“ со службени возила краделе дрва

Полицијата денеска соопшти дека поднела кривична пријава против двајца вработени во „Национални шуми“ од Свети Николе, кои минатиот месец украле огревно дрво и со службен трактор и теренско возило го пренеле до своите домови.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Р.(45) и Љ.Д.(40), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘послужување во службата’. На 25.05.2026 во Свети Николе, пријавените вработени во Јавното претпријатие ‘Национални шуми“ – Свети Николе’, за време на неработни денови, првопријавениот како референт за превоз, а второпријавениот како ракувач со градежна машина, неовластено го користеле службениот трактор и теренското возило за сопствени потреби и извршиле пренос на огревно дрво од реонот на Шумско стопанска единица Ѓуриште до своите домови во Свети Николе“, се наведува во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk